Инцидент на Светското првенство: Познат ракометар ги шокираше сите неколку часа пред натпреварот

од Milan1
60 прегледи

Ракометната репрезентација на Португалија дозна шокантна вест во пресрет на натпреварот од првото коло на Светското првенство против САД. Репрезентативецот Мигел Мартинс падна на допинг тест неколку часа пред натпреварот.

Тој е еден од најдобрите ракометари во португалската репрезентација, играч е на Алборг, гигант од Данска. Мартинс побара и Б примерок, но на крајот сепак нема да игра на СП.

Португалија е во групата Б, заедно со САД, Бразил и домаќинот Норвешка.

„Секако дека тоа е голем шок за нас, неверојатно е тоа што ни беше кажано – Веднаш стапивме во контакт со Мигел, кој е исто толку збунет како и ние, и тврди дека не направил ништо незаконско. Веднаш побара Б тест за да се реши работата, но сигурно е дека нема да учествува на светското првенство“, изјави Јан Ларсен, директор на ракометниот клуб Алборг.

Инаку, ова е прв случај на допинг од почетокот на Светското првенство во ракомет. Првенството започна вчера и ќе трае до 2 февруари.

За трофејот ќе се борат најдобрите 32 репрезентации во светот, а првенството е предвидено да се одржи во три земји: Хрватска, Данска и Норвешка. Данска ја брани титулата светски првак.

Слични содржини