Инцидент со автомобил од обезбедувањето на главниот бугарски обвинител

од Radmila Tasevska
495 прегледи

Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во момент додека се движел на патот Софија – Самоков.

Според првични информации на бугарски медиуми пред еден од автомобилите од обезбедувањето била активирана експлозивна направа. Засега не е јасно дали главниот обвинител Иван Гешев бил во некој од автомобилите.

Повредено е лице од обебзедувањето. Патот е затворен и се врши истрага, јавија бугарските медиуми.

Слични содржини