135
Беспилотно летало се урна на аеродромот во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, соопшти денеска претставник на службите за вонредни состојби.
„Дронот се урна (во понеделникот) попладне, оградата на аеродромот е малку оштетена“, изјави тој за РИА Новости.
Според првичните информации нема повредени.
Околностите на инцидентот ги истражуваат службите за итна помош.
Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија.
Украина постојано го гранатираше регионот на Белгород, а целата територија на тој регион има висок степен на опасност од терористички закани.