194
Холандската полиција уапси 76-годишен маж кој утринава се обидел да го прегази градоначалникот на градот Дримелен, Бој Шолце, кога влегувал во градското собрание, објави NL Times.
Градоначалникот морал да се фрли на страна за да не биде удрен, соопшти полицијата. Човекот извикувал хомофобични забелешки упатени кон Шолце, кој е геј.
Министерот за правда во заминување Дилан Јесилгоз го нарече нападот врз градоначалникот „страшен“.
„Во Холандија можеш да бидеш кој сакаш и да сакаш кого сакаш“, навел Јесилгоз на платформата X.