Инцидент се случил утрово во полскиот град Краков. Според тамошните медиуми, околу 8 часот постар маж почнал вербално да ги малтретира луѓето собрани пред украинскиот конзулат во Краков.
Тој ги навредувал и им рекол да се вратат во Украина и да ја бранат својата земја од руската инвазија. По извесно време, повозрасниот маж се полил со запалива течност и се самозапалил.
На помош веднаш дошла блиската полициска патрола и го изгаснала пожарот со автомобилски апарат за гаснење пожар, објави „Краковска Газета“.
Лекарите се борат за неговиот живот
Повредениот 62-годишен украински државјанин добил прва помош на лице место, а потоа со возило на Брза помош бил пренесен во болница. Лекарите ја опишуваат неговата состојба како „тешка“ и „опасна по живот“.
Полицијата ја истражува позадината на инцидентот.