“Индeпендент”: Ако Турција го избере Ердоган, Исламската држава ќе стане посилна и бегалската криза ќе се влоши

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Над 56 милиони турски граѓани ќе гласаат на предвремени парламентарни избори

Западот треба да му покаже јасно на Ердоган дека неговата разурнувачка политика почнува да ги засенува геополитичките и стратегиските придобивки од неговото управување. Ова се вели во коментар на британскиот весник “Индипендент. Овој викенд Турција повторно ќе гласа, откако на последните избори во јуни не успеа да избере парламент и партиите во земјата не составија влада.

20151031.lxpbqeseih

Но овие избори кријат многу повеќе ризици отколку само да одлучат кој ќе управува и кој не. Тие ќе одлучат дали иднината на Турција е војна и крвопролевање или мир и стабилност. Турскиот претседател само треба да си отиде пред да ја поведе Турција кон пропаст.

Во последната деценија земјата не беше поштедена од насилство и конфликти. Војните во Ирак и Сирија го дестабилизираа регионот како целина. Во последните години Анкара постигна значителен напредок со решавањето на курдското прашање и стави крај на конфликтот со Курдската работничка партија (ПКК), конфликт, кој зеде десетици илјади животи.

Силно критикуван за диктаторско и авторитарно управување и газење на либералните и прогресивни вредности, Ердоган сака да го смени турскиот Устав, за да обезбеди повеќе овластувања како претседател. Но за да го стори тоа, нему му треба мнозинство што не го доби на изборите во јуни, во голема мера поради подемот на прокурдската народна демократска партија (ЦДП) и нејзиниот харизматичен лидер Селахатин Демиртас, кој ужива широка поддршка во турското општество – не само меѓу Курдите.

Демиртас ракува со јазикот на толеранцијата и единството, додека Ердоган, откако го загуби мнозинството, се обидува да го раздвои народот. Само еден месец откако го изгуби мнозинството тој започна воздушни напади над ПКК, им овозможи на провладините маси да ги нападнат канцелариите на ЦДП, продавници или друг бизнис на Курдите.

Оваа отровна и опасна игра на “раздели и владеј” веќе има трајни последици. Во јули, откако Ердоган го изгуби мнозинството, курдските студенти во Суруч беа убиени во терористички напад во близина на сириската граница. Три месеци подоцна се случи и страшен напад на мирен митинг во Анкара, при што загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени беа многу повеќе.
Политиката на Ердоган ќе има последици за Европа и Западот како целина. Победата над “Исламската држава” бара продолжување на политиката на ПКК против џихадистите во Сирија и Ирак, каде што тие имаат освоено безброј победи на бојното поле, а не граѓанска војна во турската држава, ако Партијата на правдата и развојот победи на 1 ноември.

Западот треба јасно да му покаже на Ердоган дека неговата политика почнува да пречи. Тоа не значи само да се изврши притисок врз него, за да прифати умерена позиција, а давајќи му јасно да знаење дека ПКК и ЦДП се во центарот на напорите на Западот да ја победи “Исламската држава”.
Турскиот претседател го одржува ембаргото врз сирискиот Курдистан, каде курдските градови и градови како Кобане беа ослободени од “Исламската држава”, но треба итна хуманитарна помош која Турција продолжува да ја блокира. Укинувањето на ова ембарго е од клучно значење за справување со бегалската криза.
Хуманитарните кризи се последица на политичка нестабилност и насилство. Со други зборови Ердоган спречува воената кампања и директно ги поткопува напорите на Западот за справување со тековната криза со имигрантите.
Очајниот човек е речиси секогаш најопасниот човек. Ердоган може да ја поттурне Турција кон работ, ако резултатите во недела не му обезбедат она што го сака. Западот, кој во минатото беше во можност да влијае во голема мера на Турција, не смее да дозволи тоа да се случи.Едноставно кажано – Ердоган треба да биде запрен пред да биде предоцна./ коментар објавен во „Индепендент“