Индиец ја напушти својата работа како лаборант во болница, за да тренира за поставување на селфи рекорд. 24-годишниот Бхану Пракаш е инспириран од постигнувањето на Двејн Џонсон – Карпата, кој успеал да си направи 105 селфиња за 3 минути.
Актерот го стори тоа во мај и оттогаш младиот Индиец сон не го фаќа, затоа е решен, не само да го подобри постигнувањето на Карпата, но и да се претвори во No 1 селфи-човек во светот. За актуелен светски рекордер е сметан натпреварувачот во американски фудбал Патрик Петерсон, кој успеал да си направи 1449 селфита за 1 час. “Тоа не е ништо. Мој личен рекорд е 1700 селфиња за час”, тврди Пракаш чие достигнување сепак не е документирано од никого.
“Сега сум решил да гo кренам на 1800”. Соборувањето на рекорди сепак бара време. “Нема како да вежбам и да одам на работа, па затоа ја напуштив”, вели Индиецот. “Тренирам од утро до вечер, правам специјални вежби за зглобот, за да можам да го држам телефонот максимално долго”. Обидот за рекорд ќе го направи на 18 септември.