Индиец примил 12 дози од вакцината против корона и сака уште

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Еден човек од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина против Ковид-19 и вели дека верува дека тие дози му помогнале против болки во грбот, но и други здравствени проблеми.

Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар изјави дека дозата ја примил девет пати, со пријавување со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот и гласачкото ливче на сопругата.

Тој за „Њујорк Тајмс“ изјави дека има 85 години и дека првата доза ја примил во февруари минатата година.

– Верувам дека тоа ми помага за општо здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна – изјави Мандал.

Засега нема докази дека дополнителни дози на вакцини против вакцини придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да прима повеќе дози.

Слични содржини