Најмалку 15 лица загинаа денеска кога автобус со 29 патници падна во клисура во северната индиска држава Утараканд, соопштија локалните власти.
„Во тек е спасувачка операција, досега успеавме да спасиме седум лица. Инцидентот се случи во близина на Дамта во областа Утаракаши. Автобусот се движеше кон Јамунотри, во него имало 29 патници“, соопштиле полициските официјални лица, пренесе „Ројтерс“.
Додаваат дека повредените се префрлени во најблиските болници.