Владата во Индија соопшти дека ќе обезбеди бесплатни часови по јога за своите скоро 3 милиони. Државни службеници и нивните семејства.
Целта на необичната акција е да се зголеми популарноста на практиката, чија татковина е токму Индија.
Според соопштението владата “организира редовни тренинг сесии по јога од 1 април 2015 година, чија цел е да донесат корист на државните службеници и луѓето кои тоа го практикуваат”.
Самиот премиер Нарендра Мода е жесток обожавател на практиката и повеќепати изјавувал дека на јогата и ја должи способност да работи долги часови и дека спиел само четири-пет часа. Од доаѓањето на власт Мода се обидува да промовира традиционални индиски практики како јога и ајурведскизам и дури создаде министерство што да се занимава со оваа задача.
Претходно оваа година ОН го усвои предлогот на премиерот 21 јуни да се претвори во светскиот ден на јогата. / АФП
