Индија, луѓето умираат од наглите жештини од 51 степен

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Невидена  жега ја поклопи  земјата, живата удри  на 51 степен 

20160520.zwocmjpmev

Рекордни 51 Целзиусови степени се регистрирани во четвртокот во градот Фалоди, во индиската држава Раџастан, што е највисока температура,  во историјата на метеоролошките набљудувања, пишува весникот Hindustan Times.Претходниот рекорд беше запишан во текот на летото на 1956 година, кога  во градот Алваро во државата Раџастан термометарот забележа 50,6 степени. Друг град во државата – Чуру исто ажурира  свој температурен рекорд од 1914 година – во четвртокот таму се забелеажани  50,2 степени. Во најпопуларната туристичка дестинација Џодхпур исто така беа регистрирани рекордни горештини – термометарот се зголеми до 48,8 степени. Индискиот метеоролошки департментот предупредува дека горештините ќе продолжат и ќе се продлабочат во наредните денови. Нивото на закана за северозападните Држави е “црвен код”, што значи дека живата ќе се издигне до над 47 степени. Властите не обезбедија  официјални податоци за бројот на смртните случаи предизвикани од топлото време. Според медиумите, жртвите се неколку.