Индија привремено го забрани извозот на вакцините од Астра Зенека

525 прегледи

Индија привремено го забрани извозот на вакцина АстраЗенека против коронавирус, дознава Би-Би-Си од Министерството за надворешни работи.

Се наведува дека поради се повеќе нови случаи на заболување, кампањата за имунизација мора да се забрза во наредните недели, за што ќе бидат неопходни сите вакцини произведени во Индија.

Овој потег, опишан од официјалните лица како „привремена забрана“, се очекува да влијае на залихите на вакцини до крајот на април. 190 земји во програмата Ковакс веројатно ќе бидат засегнати.

Ковакс е програма водена од Светската здравствена организација и има за цел да обезбеди правична дистрибуција на вакцините меѓу сите земји. Првенствено е фокусирано на обезбедување вакцини на сиромашните земји.

Најголемиот индиски производител на вакцини, Институтот за серум во Индија, ја одложи испораката на вакцината АстраЗенека во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Бразил.

Слични содржини