Индија руши рекорди: Речиси 350.000 ноозаразени за 24 часа

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Бројот на заразени со коронавирус во Индија е зголемен за 349.691 во последните 24 часа, што претставува рекорден број на новозаразени четврти ден по ред.

Поради недостаток на медицински кислород и кревети, болниците во Делхи и низ целата земја одбиваат пациенти, пренесе Хина.

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ги повика граѓаните да се вакцинираат и да бидат претпазливи, имајќи предвид дека Индија ја погодила „бура“ од заразени.

„Бевме сигурни, нашето расположение се подобри по првиот бран, но оваа бура ја потресе земјата“, рече Моди во радио обраќање.

Владата на Моди се соочи со критики кога дозволи големи верски и политички митинзи откако бројот на заразени во Индија падна нагло под 10.000 на ден и не планираше да ги зајакне здравствените системи.

Слични содржини