Индија станува економска велесила

од Milan1
103 прегледи

Индија е земја со највисок економски раст од сите големи економии во светот. Растот на индиската економија е дури 8,4 отсто, што е значително повисоко од петте отсто што Кина ги бележи во последните години.

Во следните пет години Индија ќе стане трета по големина економија во светот, по Кина и САД. Ако продолжи со ова темпо, за нешто повеќе од три децении ќе скокне на второто место, пред САД.

Во изминатата година, Индија постигна голема цел само еден процент од нејзиното население сега живее под прагот на сиромаштија од 2,15 долари на ден.

Успеа да го стори тоа и покрај класичните економски теории кои велат дека „бегството од сиромаштија“ бара индустријализација и движење на луѓето од руралните области во градовите, како во Британија во 19 век или во Кина на крајот на 21 век.

Слични содржини