Индија успешно го лансираше леталото Chandrayaan-3 на Месечината (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Индија ја лансираше својата трета мисија на Месечината, со цел да стане првата земја што слета во близина на малку истражениот јужен пол на природниот сателит на Земјата.

Вселенското летало Chandrayaan-3, со орбитер, лендер и ровер, полета во 10:05 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Срихарикота.

Леталото треба да стигне до Месечината на 23 или 24 август. Доколку мисијата биде успешна, Индија ќе биде четвртата земја што ќе постигне таканаречено меко слетување на Месечината, по САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.

Илјадници луѓе го следеа лансирањето, а присутните ја опишаа глетката на полетувањето на ракетата како „прекрасна“. Лансирањето беше дочекано со ентузијазам и громогласен аплауз од присутните и научниците.

Слични содржини