202
Индија денеска успешно ја тестираше балистичката ракета од новата генерација „Агни П“, која е способна да носи нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на таа земја.
Ракетата била истрелана од островот Абдул Калам, во близина на брегот на источната индиска држава Одис, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.
Индиските медиуми објавија дека балистичката ракета со среден дострел „Агни П“ е развиена од Организацијата за одбранбен развој и истражување како наследник на ракетите „Агни-1“ и „Агни-2“.