Индија веројатно нема да извезува големи количини вакцини до октомври

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Индија, најверојатно, нема да извезува значителни количини на вакцини против коронавирус до октомври, бидејќи пренасочува сè за домашна употреба, соопштија три владини извори.

Индискиот серумски институт (SII), најголемиот светски производител на вакцини, кој ја произведува AstraZeneca, се надева дека ќе започне со испораки во други земји и програмата COVAX за сиромашните земји до крајот на годината.

„Нагласуваме дека никогаш не сме ја извезувале вакцината на штета на индискиот народ и дека ќе се потрудиме да вакцинираме што повеќе луѓе во земјата“, додава SII.

Слични содржини