Властите на индиската држава Утар-Прадеш планираат да посадат за еден ден 50 милиони дрвја и така да го добие рекордот на Гинис.
Во акцијата ќе учествуваат над 800 000 луѓе, вклучувајќи студенти, пратеници, чиновници, волонтери. Дрвјата ќе бидат засадени во близина на автопати, возови патишта и во шумските предели. Индиската влада повика сите 29 држави да преземат кампања за пошумување, како начин за одржување на еколошката рамнотежа и справување со климатските промени.
За таа цел се издвоени 6,2 милиони долари. Властите планираат до 2030 година зелесената површина на земјата да достигне 95 милиони хектари. Претходниот рекорд по број на засадени дрва за еден ден припаѓаше на Пакистан. Тој беше истакнат во книгата на рекорди. Во 2013 година таму беа засадени над 847 000 дрвја.