Индиски медиуми: Во падот на Боингот загинаа 20 лекари и две бебиња

од Vladimir Zorba
25 прегледи

„Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер Индија“, кој леташе за Лондон со неколку стотици патници, се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот во индискиот град Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земја.

Индиските медиуми јавуваат дека најмалку 120 лица загинале, вклучувајќи 20 лекари кои биле во хостелот каде што се урна авионот. Тие се повикуваат на неименувани извори. Полицијата досега официјално потврди дека повеќе од сто тела се транспортирани во болница.

„Ер Индија“ потврди дека вкупно 242 патници биле на летот до лондонскиот „Гетвик“, вклучувајќи двајца пилоти и десет членови на кабинскиот екипаж. Во авионот имало 169 индиски државјани, 53 британски, еден канадски и седум португалски државјани.

Индиските медиуми неофицијално наведуваат и дека во авионот имало две бебиња.