Индиските земјоделци маршираат кон Њу Делхи, полицијата употреби солзавец

од Radmila Tasevska
173 прегледи

Индиската полиција денеска употреби солзавец врз земјоделците кои го продолжија маршот кон индиската престолнина Њу Делхи, откако не беше направен напредок во преговорите со Владата за гарантираните цени за нивните производи.

Индиската Влада им понуди на демонстрантите поддршка за цените за мешунките, пченката и памукот, но тие бараат законски поддржани повисоки цени за речиси дваесетина видови култури.

Солзавец и барикади беа употребени за да ги одвратат земјоделците да маршираат кон главниот град.

Тие формираат влијателен гласачки блок, неколку месеци пред изборите во мај, на кои премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да освои рекорден трет мандат.

За да се заштитат од солзавецот и чадот, откако интервенирала полицијата, илјадници селани се распрснале во блиските полиња, на околу 200 километри северно од Њу Делхи.

Десет илјади од нив со 1.200 трактори се собраа во близина на Шамбху, на границата со државата Пенџаб, вооружени со стапови и камења, објави на мрежата „Икс“ полицијата на индиската држава Харајана.

Слични содржини