Во Индонезија, која е домаќин на самитот на Г-20, велат дека се уште не знаат дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на настанот, изјави денеска за Ројтерс тамошната министерка за надворешни работи Ретно Марсуди.
„Да почекаме до денот Д“, рече таа на прашањето дали Путин ќе присуствува на самитот закажан за 15 и 16 ноември, пренесе ТАС С.
Украинската делегација, која ќе присуствува на самитот, побара Русија да биде исклучена од самитот и да се повлече поканата до Путин.
Портпаролот на индонезиското Министерство за надворешни работи Теуку Фаизасјах денеска за Блумберг изјави дека на самитот ќе бидат 17 лидери на земјите од Г20, додека уште три треба да испратат одговор.
Претходно оваа недела, Путин рече дека допрва треба да донесе одлука за заминување во Индонезија.