Индонезија им забрани на полицајците и војниците да играат „Покемон Гоу“

од Vladimir Zorba
104 прегледи

 

Властите на Индонезија им забранија на вработените во полицијата и армијата да играат „Покемон Гоу“, додека се на работните места.покемонија

Според Министерството за одбрана на Индонезија, ваквата одлука е донесена затоа што играта претставува „закана за безбедноста“.

Во Индонезија. како и во многу други земји во светот, ловот на виртуелните суштетства скриени во реалниот свет, привлекува се голем број луѓе, кои илегално ја „симнуваат“ апликацијата, затоа што играта се уште не е легално достапна во земјата.

Сепак, популарноста на играта предизвикува загриженост меѓу највисоките претставници на власта, а некои сугерираат дека „Покемон Гоу“ би можела да послужи за шпионски активности.

– Шпионажата  може да се врши во различни форми, рече министерот за одбрана Ријамизард Ријакуду, кој има негативен став за играта.

Војската најави дека наскоро ќе објави наредба со која ќе им се забрани на сите војници да играат „Покемон Гоу“ додека се на служба.