Индонезиската морнарица денеска официјално објави дека нивната подморница, која исчезна покрај брегот на Бали, потонала и се отворила, што не дава надеж дека некој од 53-те членови на екипажот може да биде спасен, пренесуваат агенциите.
„Го сменивме неговиот статус од „исчезнат“ во „потонат“, рече водачот на индонезиската морнарица Џудо Маргоно.
Тој рече дека се пронајдени остатоци од подморницата КРИ Нанггала 402, вклучително и некои предмети од пловниот објект, за кои се веруваше дека досега останале без резерви на кислород, откако претходно оваа недела беше соопштено дека подморницата исчезнала.
„Предметите не можеа да излезат од пловниот објект без надворешен притисок или оштетување на фрлачот на торпедо“, рече Маранго, покажувајќи неколку предмети, вклучително и дел од торпедото и шише масло употребено за перископот.
Маранго рече дека потрагата по подморницата и морнарите ќе продолжи, но тој предупреди дека длабоките води ги прават напорите за обновување „многу ризични и тешки“, пренесува Ројтерс.
Борбени бродови, авиони и стотици припадници на индонезиската армија ја бараа исчезнатата подморница, а властите претходно објавија дека бродот, произведен во Германија, има резерви на кислород само три дена по загубата на енергија, а тој рок истече во саботата наутро, објави агенцијата Франс прес, потсетувајќи дека потрагата ги опфати соседните Сингапур и Малезија, како и поморските сили на САД и Австралија.
Подморницата KRI Nanggala 402, една од петте во индонезиската флота, исчезна рано во средата за време на вежба во близина на туристичкиот остров Бали, а нафтената дамка кај локацијата на подморницата укажува на можна штета на резервоарот за гориво, навестувајќи на можна катастрофа.
Експертите предупредија дека подморницата може да биде уништена од притисок на вода на длабочина од 700 метри, што е многу поголемо од неговата издржливост.
Индонезија подморницата ја стекна во 1981 година, а властите тврдат дека била функционална.