Индустриското производство во ноември намалено за 2.8 % во однос на истиот период лани

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.6 %.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Индустриското производство во ноември 2025 година е намалено за 2.8 % во однос на ноември 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.6 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:

– Производство на пијалаци,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8.5 %, Капитални производи за 2.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 %.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, е зголемено за 1.9 %.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, имаат одделите:

* Производство на облека со 16.4 %
* Производство на електрична опрема со 4.0 %
* Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 8.6 %.