Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи опаѓање од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 26.5 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
– Производство на прехранбени производи,
– Производство на пијалаци,
– Производство на тутунски производи,
– Печатење и продукција на снимени медиуми,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси и
– Производство на електрична опрема.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 25.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за
17.6 %.
Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, е зголемено за 2.4 %.
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, имаат одделите:
* Производство на пијалаци со 11.8 %
* Производство на електрична опрема со 12.0 %
* Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 26.5 %