Инес де Рамон ја забрза разделбата на Бред Пит и Анџелина Џоли

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Пред неколку дена беше разрешена правната битка околу разделбата на Анџелина Џоли и Бред Пит, а новата девојка на популарниот актер стави крај на долгогодишното „трчање“ низ судовите. Инес де Рамон на тој начин покажа колку е важна алка во животот на Бред Пит, но и дека има сериозни планови со актерот.

Според извори за странските медиуми, убавата Инес го охрабрила актерот да ја забрза разделбата со Џоли за конечно двајцата да започнат нов чекор во нивната врска.

„Инес влијаеше тој конечно да се смири. Инес сака заеднички живот, можеби со деца во иднина“, рекол изворот, објаснувајќи дека дизајнерот на накит сака Пит и Џоли да ги подмират сите сметки.

Иако и двајцата беа прогласени за легално сингл во 2019 година, пред само неколку дена конечно ги потпишаа документите за развод и на тој начин го завршија долгогодишниот бракоразводен случај со сите придружни судски постапки, нерешено остана само прашањето за винаријата во Франција, кое останува болна точка за двете ѕвезди.

Сепак, изворите тврдат дека Инес има позитивно влијание врз Пит, но и дека и Џоли и Пит сфатиле дека не може вака да продолжи и решиле да почнат да работат на решавање на нерешените прашања.

„Инес има позитивно влијание врз Бред. Таа има навистина добра перспектива на работите. Тажно е како се одвиваше целата работа, но барем ова е напредок во вистинската насока“, заклучил изворот.

Слични содржини