Германските компании не предвидуваат дека нивните производи и услуги ќе поскапат во наредниот период, што навестува дополнително забавување на инфлацијата, објави во понеделник економскиот институт Ifo, а пренесува германската новинска агенција (dpa).
Индексот на очекуваните цени во септември падна за 2,3 поени на 13,8 и најниска вредност од февруари 2021 година. Бранот на поскапувања траеше повеќе од две години.
Индексот Ifo се пресметува со одземање на уделот на компаниите кои планираат да ги зголемат цените од уделот на оние кои имаат намера да ги намалат. Не пресметува колку компаниите имаат намера да ги менуваат цените.
Инфлацијата во Германија во август падна на годишна стапка од 1,9 отсто, првпат по повеќе од три години таа да биде пониска од два процентни поени и долгорочна цел на Европската централна банка.
„Економската криза го стеснува просторот за економијата да ги зголеми цените“, рече економистот на Ifo, Тимо Волмершаузер. Тоа значи дека инфлацијата во Германија ќе остане под прагот од два проценти.
Индексот што ги опфаќа компаниите кои се соочуваат со директна малопродажба падна уште посилно, од 25 на 18,2 поени.