Инфлацијата во Турција скокна за првпат по осум месеци – на 47,8 отсто

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Годишната стапка на инфлација во Турција скокна на 47,8 отсто во јули, од 38,2 отсто во јуни, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат.

Пазарите очекуваа раст на инфлацијата во јули, но прогнозираат дека таа ќе биде малку пониска – 47,3 отсто.

Инфлацијата беше поттикната од порастот на некои даноци, како и падот на турската лира.

Во јули најмногу пораснале цените во хотелите, кафулињата и рестораните на годишно ниво – за 82,62 отсто, како и цените на здравствените услуги за 75,9 отсто, храната и безалкохолните пијалоци за 60,72 отсто, образованието за 53, 57 отсто, но и транспорт – за 43,4 отсто.

Годишната основна стапка на инфлација порасна од 47,4 отсто во јуни на 56,1 отсто во јули, што е највисока во последните осум месеци.

На месечно ниво, цените се зголемени за 9,5 отсто, првенствено транспортните за 17,75 отсто, здравствените услуги за 13,61 отсто, како и цените во хотелите, кафулињата и рестораните за 11,92 отсто.

Слични содржини