313
Инфлацијата во еврозоната во октомври достигна 10,7 отсто, што е скок во однос на 9,9 отсто во септември, покажуваат податоците на Евростат.
Еуростат објави дека кога се гледаат компонентите на годишната инфлација во еврозоната, најголем годишен скок има кај цените на енергијата (41,9% во октомври во однос на истиот период лани), а потоа следат храната, алкохолот и тутунот (13,1%), индустриски стоки и услуги.
Стапката од 10,7 отсто е нов рекорд кога е во прашање годишната инфлација во еврозоната, а овој рекорд се урива месец по месец.