Инфлацијата ги зголеми трошоците на Ford за милијарда долари

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Американскиот производител на автомобили Ford најави дека поради инфлацијата во третиот квартал ќе има милијарда долари поголеми трошоци од планираното, а дополнителен проблем ќе биде недостигот на делови.

Поради недоволното снабдување со делови, на крајот на третиот квартал ќе останат недовршени повеќе возила од планираното, соопшти американскиот автомобилски гигант.

И покрај проблемите со производството, компанијата ја потврди својата моментална проценка за овогодинешната приспособена заработка пред камати и даноци (EBIT) од 12 милијарди долари плус/минус 500 милиони долари.

Во третиот квартал, прилагодениот EBIT треба да биде во опсег од 1,4 до 1,7 милијарди долари, додаваат тие, истакнувајќи дека целосниот извештај за работењето за периодот од јули до септември ќе биде објавен на 26 октомври.

Ford го затвори првиот квартал со нето загуба од 3,1 милијарди долари поради намалената вредност на инвестицијата во производителот на електрични автомобили Rivian.

Слични содржини