131
Инфлацијата во 19-те земји од еврозоната се искачи на рекордни 8,9 отсто во јули, поттикната од повисоките цени на енергијата кои делумно растат поради војната на Русија во Украина, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за статистика, Евростат, објавени денеска.
Ова е дополнително зголемување во однос на јуни, кога инфлацијата исто така беше висока и изнесуваше 8,6 отсто.
Инфлацијата во ЕУ го достигнува највисокото ниво од 1997 година, кога се водеа податоци.
Цените на енергијата скокнаа за 397 отсто, додека храната порасна за 9,8 отсто, а останатите стоки за 4,5 отсто.