Инфлацијата во земјите од еврозоната достигна рекордни 8,6 отсто

од Берта Китинска
191 прегледи

Според податоците на статистичката агенција на ЕУ Еуростат, инфлацијата во 19-те земји од еврозоната во јуни достигна 8,6 отсто, што е највисока вредност од почетокот на мониторингот во 1997 година.

Струјата поскапе за 41,9 отсто. Цените на храната, алкохолните пијалоци и тутунот се зголемени за 8,9 отсто, што е поголем пораст во однос на минатиот месец.

Растот на цените на облеката, апаратите за домаќинство, автомобилите, компјутерите и книгите остана претежно стабилен од 4,3 отсто, како и растот на цените на услугите кои изнесуваат 3,4 отсто.

За да ја забави инфлацијата, Европската централна банка има намера да ги зголеми каматните стапки овој месец, првпат по 11 години, по што во септември треба да следи уште едно зголемување.

Слични содржини