Инфлуенсерка добива закани по живот дека се здебелила за време на пандемијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Корисничката на TikTok и инфлуенсерка, Клои Ксандрија покажа како се променило нејзиното тело од почетокот на 2020 година. Некои ја пофалија нејзината храброст, додека други ја навредувале и се заканувале поради зголемената килажа.

За време на пандемијата, многумина не можеа да вежбаат како и обично, а една од нив е Клои, која сакала со своето видео да им покаже на сите дека е нормално да се здебелите за време на предизвикувачки моменти и дека не треба да се срамите од тоа.

Таа објави видео на „ТикТок“, кое веќе го гледаа неколку милиони луѓе, и покажа како се здебелила за време на пандемијата. Таа исто така откри дека порано се борела со нарушување во исхраната, но дека сега е многу поздрава. Таа вели дека треба да започнеме со „нормализирање“ на нормалните тела.

Нејзината порака трогна многумина и огромното мнозинство ја пофали за нејзината храброст. Сепак, имаше и такви кои ја навредуваа поради нејзината дебелина, и такви кои беа многу полоши.

„Добив бројни смртни закани затоа што објавив видео, како и многу негативни коментари за мене и за моето семејство. Ги исклучив коментарите на моето видео. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми дадоа толку голема поддршка и љубов и сакам да кажам дека ќе продолжам да се борам за нормализирање на сите форми на тело“, напиша таа.

На своето видео, таа покажа како изгледа денес и како изгледала пред шест месеци.

„Можеби ставив неколку вишок килограми во карантин. Само запомнете да не се осудувате. На моменти, храната беше единственото нешто што ми даваше утеха. Пробувајќи нови рецепти, ми беше полесно да се справам со тешките моменти“, рече таа.

Таа исто така ги покажа стриите и објасни дека е нормално луѓето да ги имаат и ги охрабри другите да гледаат на нивните тела како моќна алатка што ги поддржувала оваа година.

„Помислив ако им покажам на другите дека сум пополна и посамоуверена, дека ќе ги охрабрам другите да се чувствуваат така и ќе престанам да им дозволувам на другите да влијаат на тоа како размислуваат за себе. Наместо да се концентрирате на бројката на вагата, фокусирајте се на она што целото тело успеа да го направи за вас и како тоа продолжува да ве носи низ животот“, заклучила таа.

Слични содржини