Бразилската инфлуенсерка Елиане Фереира Сиолин (35) беше убиена од нејзиниот сопруг откако на својот профил на „ТикТок“ сподели неколку фотографии и видеа во костим за капење.
Алехандро Антонио Агилера Канталупи (41) дури 14 пати ја застрелал сопругата пред нивната шестгодишна ќерка, а потоа и самиот си пресудил, пишува „Дејли меил“.
Безживотните тела на парот биле пронајдени на тремот во дворот на нивната семејна куќа во Понта Пори.
На телото на Елиане имало најмалку 14 прострелни рани, а нејзиниот сопруг имал една рана во главата. Полицијата го пронашла и пиштолот со кој било пукано.
Локалните медиуми пишуваат дека парот се скарал поради видео на ТикТок, а пријатели блиски до семејството велат дека тие и инаку се расправале честопати во јавност.
Сведок на убиството и самоубиството била нивната ќерка која подоцна била однесена кај роднини.