Информациите во јавност а потоа предвремени избори – веројатно разврска за „Пуч“

од Vladimir Zorba
93 прегледи
Според Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, кој е дел од владината коалиција, веќе е извесно дека на повидок се нови избори, пишува Радио Слободна Европа.
 трајанов

„Ќе се заоструваат политичките состојби во државата, странскиот фактор, посебно ЕУ ќе се обиде да се надминат овие новонастанати политички состојби, така што очекувам бурна политичка пролет и најверојатно на крај, кога ќе се стишат сите овие работи, ќе се оди на вонредни парламентарни избори“, вели Трајанов.

Тој исто така го повика опозицискиот СДСМ што побргу да ги изнесе во јавноста доказите што се посочуваат, бидејќи тој потег остава само безброј сомнежи.

„Одговорноста е делумно и на СДСМ. Ако и понатаму само најавува, тоа значи дека нема сериозна поткрепа за нивните најави“, вели Трајанов.

Тој го повика СДСМ што побргу да ги изнесе во јавноста доказите што се посочуваат.