Иницијативата „Поддржи го Кочани“ обезбеди 4.070 лепенки за третман за изгореници и повреди на кожа

од Milan1
49 прегледи

Иницијативата „Поддржи го Кочани“ (Support Kocani) обезбеди 4.070 силиконски лепенки „Atrauman Silicone“, кои пристигнаа во градот, а наскоро ќе бидат донирани на тамошната општа болница, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.

„Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и компании кои живеат и работат во Словенија, кои великодушно се приклучија на нашата мисија за помош. Дополнително, „Поддржи го Кочани“ очекува нови пратки со медицински материјали и од други земји, меѓу кои Австралија и Данска, каде македонски иселеници и пријатели на Кочани активно се вклучуваат со поддршка“, велат од иницијативата.