Иницијативен одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски мора да се соочи со сопствената одговорност за поразот

од Aleksandar Petrovski
182 прегледи
-Христијан Мицкоски е изолиран и осамен во претседателскиот кабинет на ВМРО-ДПМНЕ.
Никој повеќе не верува на неговата глума, лажните солзи и празните и апсурдни тези.
Државниот секретар на Соединетите американски држави Мајк Помпео вчера на Зоран Заев му го честиташе формирањето на новиот владин кабинет.
Ден претходно и германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе реизборот на Зоран Заев како премиер и побара спроведување на реформите.
Се редат честитки од сите меѓународни партнери и пријатели на Македонија, а сеуште актуелниот претседател Мицкоски се крие во својот кабинет и промовира политики со кои го оддалечува ВМРО-ДПМНЕ од стратешките определби.
Само за да ја одбегне сопствената одговорност за поразот, Мицкоски тврди дека тој победил на изборите и индиректно ги обвинува и Помпео и Меркел дека се неинформирани и дека поддржуваат влада формирана на нелегален начин.
Со ваквото делување Мицкоски прави директна и долгорочна штета на партијата.
Со негативните коментари кои по ходниците на партијата се шират за нашите стратешки партнери и се нанесува штета и на државата.
Мицкоски мора да се соочи со сопствената одговорност за поразот, а не да не доведува во конфликт со нашите стратешки партнери.
Вистинскиот пат за да биде поразен СДСМ не е преку конфликт со САД и Германија.
Вистинскиот пат за да биде поразен СДСМ е преку оставка на Мицкоски , вонреден конгрес и избор на ново раководство, се вели во соопштението на иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.