Иницијативниот одбор за промени: Вечерашниот дебакл е доказ дека Мицкоски нема никаква поддршка

од Берта Китинска
186 прегледи

Вечерашниот дебакл е најдобар доказ дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка. Неговиот авторитет е неповратно загубен, а натамошното узурпирање на функцијата само ја носи партијата во пропаст, велат од Иницијативниот одбор за промени во партијата.

„Само пред неколку дена граѓанската иницијатива ‘Доста е’ во Тетово собра неколку илјади граѓани на протести против покачената цена на струјата, а Мицкоски со целокупната партиска структура на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да мобилизира повеќе од 1.500 луѓе“.Секој поминат ден на Мицкоски во претседателскиот кабинет скапо ја чини партијата.Доколку чувствува барем малку почит кон ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски мора да се повлече, да свика вонреден конгрес и да дозволи ново и поспособно раководство да ја придобие поддршката на народот“, стои во соопштението од Иницијативниот одбор за промени во партијата.

Слични содржини