Со својата огромна територија и разновидна природа, Бразил заслужено се нареди во листата на најинтересните земји во светот.3eaf1d15869e3c401a0cc7566d9aeede

Откако неодамна ви раскажавме за Змискиот остров – едно исклучително опасно и забрането место за посети во Бразил, еве сега повторно упатуваме поглед кон латиноамериканската земја.

На околу 10 километри од бразилскиот град Манаус, кој се наоѓа во северниот дел на државата, може да биде виден уникатен природен феномен.

Станува збор за Инконтро дас Агуас – средбата на две води или во случајот – на две реки. Темната Рио Негро, која тече низ градот и песочната река Амазон ги среќаваат водите токму на ова место.

Во продолжение на 6 километри реките течат заедно, но не се здружуваат.Феноменот се набљудува на неколку локации низ Амазонија, како и на други локации низ светот, но никаде феноменот не е толку очигледен и “драматичен”.

Токму Инконтро дас Агуас (“средбата на водите” од португалски јазик) е една од главните туристички атракции во Манаус.

Рио Негро е најголемиот прилив на Амазон и најголемата црна полноводна река во светот. Водите  имаат високи нивоа на киселост и малку талог.

 

Овие на реката Амазон од друга страна се погусти, поради песокта и калот. Токму различната густина, брзина и температура на двете реки не дозволуваат на водите да се смешаат веднаш.

Во нашата галерија може да видите интересни фотографии од природниот феномен Инконтро дас Агуас во Бразил.