Британски научници развиваат технологија со која гледачите ќе можат го да почувствуваат мирисот, вкусот и допирот на кожата на она што го гледаат на екранот.

Ултразвучни зраци и воздушни струи ќе го засилуваат емоционалниот ефект на сцените.
Оваа технологија ќе овозможи создавање на програми кои го “доловуваат целосното внимание на гледачите и ги потопуваат во мултисензорен свет”, рече шефот на проектот д-р Маријана Обри.
Чувствата ќе се проектираат врз рацете со ултразвук. Научниците утврдиле дека краткото насочување на воздухот кон пределот околу палецот, показалецот и средината на дланката генерира возбуда. Овие чувства ќе се засилуваат на ист начин како на саундтракот.
Некои филмови како “Железниот човек 3” веќе експериментираат со 4D проекции, при што гледачите седат на столици, кои можат да се движат, и по нив прска вода. Д-р Обри се надева дека ќе создаде “9-мери телевизија”, додавајќи чувства за вкусови и мириси.
Идејата е гледачите сепак да имаат контрола, бидејќи некои нема да се чувствуваат пријатно, а и луѓето реагираат различно на миризбите.
Д-р Обри доби 1 милион фунти од Европскиот совет за истражување на петгодишен проект на оваа тема.