Иновативно решение на средношколци од Делчево против загадувањето на воздухот

од Destan Jonuzi
241 прегледи

Во Делчево ќе се креира ученичка компанија за справување со проблемот со загадувањето. Активностите ќе ги имплементираат ученици од Средното – општинско училиште „Методи Митевски – Брицо” преку сопствено иновативно решение за поставување филтри во домаќинствата и локални институции.

– Средното општинско училиште „Методи Митевски-Брицо“ – Делчево ќе креира ученичка компанија која ќе поставува електростатски филтри на ќунците на печките. Најпрво тоа ќе го реализират во своето училиште, основните училиште, детската градинка и центарот за лица со посебни потреби. Останатите 20 филтри ќе бидат поставени во домаќинствата за да се согледа нивната практичност и ефикасност. Поставените филтри ќе прочистуваат 99 проценти од штетните честички, истакнаа од делчевската гимназија.

Иновативното решение на делчевските средношколци беше избрано како едно од петте најдобри на тридневниот UPSHIFT Bootcamp за развој и поддршка на социјални иновации кој се одржа во Струга.

-Меѓу десетте финалисти по претходно поднесена апликација беше избран и тим од 5 ученици од СОУ ,, Методи Митевски Брицо” кои заедно со нивниот ментор беа меѓу прогласените 5 победници од страна на стручно жири врз основа на презентациите и потенцијалот на решението, додаваат оттаму.

Победницитe добија по 120.000 денари и тримесечно менторство за развој на социјалните иницијативи во своите заедници.

Слични содржини