Инсајдери ги откриваат изгледите за Биткоин во 2023 година: Година на претпазливост или закрепнување?

од Vladimir Zorba
220 прегледи

По бурната година за Биткоин, прашањето е каков ќе биде пазарот на криптовалути во годината што претстои. Новинарите на CNBC имаа можност да разговараат со инсајдери во индустријата на конференција за криптовалути во Швајцарија, кои сликовито ја претставија 2023 година како „година на претпазливост“.

Биткоинот се очекува да се тргува во одреден опсег, како и да биде чувствителен на макроекономската ситуација како што е зголемувањето на каматните стапки и да продолжи да биде нестабилен.

Сепак, експертите се оптимисти за следната година.

Минатата година, пазарот на криптовалути изгуби 1,4 милијарди долари во вредност, при што индустријата се соочи со проблеми со ликвидноста и банкроти, надополнети со колапсот на берзата FTX.

Таа зараза се прошири низ целиот пазар.

Иако биткоинот благо порасна на почетокот на годината, во согласност со ризичните средства како акциите, експертите велат дека е малку веројатно повторно да го тестира својот историски максимум од нешто под 69.000 долари, но можеби го достигнал дното.

– Постои шанса (Биткоин) да го допре дното овде – рече Бил Таи, ризичен капиталист и крипто ветеран, додавајќи дека криптовалутата може да падне на 12.000 долари пред повторно да скокне нагоре.

Мелтем Демирорс, директор за стратегија во „CoinShares“, рече дека Биткоинот ќе мора да тргува на долната граница помеѓу 15.000 и 20.000 долари, а на горната граница помеѓу 25.000 и 30.000 долари.

Таа додаде дека поголемиот дел од „присилната продажба“ што се случи минатата година како резултат на колапсот на пазарот сега е завршена, но во моментов не влегуваат многу нови пари во биткоинот.

Инвеститорите ја следат и макроекономската состојба. Биткоинот се покажа дека е тесно поврзан со ризичните средства, како што се акциите, а особено технолошкиот Nasdaq.

Овие средства се под влијание на промените на каматните стапки од Федералните резерви, како и други макроекономски потези.

Ентони Скарамучи, основач на SkyBridge Capital, ја нарече 2023 година „година за закрепнување“ на биткоинот и предвиде дека тој може да се тргува од 50.000 до 100.000 долари за две до три години.

Од друга страна, Таи смета дека влијанието на банкротот на FTX може да се почувствува во следните шест до девет месеци.

Слични содржини