Инспектор Томе со отворено писмо до амбасадорката Агелер (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
400 прегледи

По повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата, 9 декември, Инспектор Томе подготви обраќање до нејзината Ексцеленција, амбасадорката Анџела Агелер, со предлог кој е тешко да се одбие.

„Ја не зна кого имате планирано во тимо, ама сака да ви предложа, да ги пушчите долу кј мене на обука. Прво, тој, кој и да е, идит од Америка. Од кј знајт тој шои е кјорупција, ко кј вас та е скоро искоренета. Ќе му се дешават предочи немат да мојт да ја препознајт. Второ, корупцијата кј нас имат македонски обеклежја, то си е наша македонска корупција, не е ниту српска, ниту бугарска, ниту грчка, та е нераскинлив дел од нашио идентитет и посебност. Фино имат кажано то со јазико, ама ак смем да го парафразира малу Конески: корупцијата е нашата татковина. Не си ги арчите љуѓено за џабе, пушчете си ги совреме на обука кј мене. Пари преку рачун не ви бара, ќе најме начин, ќе се договориме, да ја парафразира Атиџе – пола за мене, пола за Америка. Ви ги враштам на рака“, вели Томе.

Да го проследиме обраќањето во целост:

Слични содржини