Инспекторатот на Град Скопје денеска спроведе акција за санкционирање на непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“.

Досега се изречени 21 парична казна за несовесните возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, каде
паркирањто е забрането.
Во законски предвидениот рок од седум дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат
уплата од 50 евра, во денарска противвредност, колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да
биде заменета со општокорисна работа.
Во денешната акција е вклучена и пајак службата која ги подига возилата чии сопственици не се затекнати на местото.
Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае
континуирано, подолг временски период.
Град Скопје апелира до граѓаните, своите возила да ги паркираат на означени паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и
поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини.