251
Во текот на вчерашниот ден Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани веднаш излезе на терен заедно со акредитирана лабораторија за да се спроведе вондреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер.
-Инспекторатот ќе постапи според наодите и извештаите кои пропишуваат санкција според закон. Ги охрабруваме сите засегнати граѓани да пријавуваат секаков вид загадување на амбиенталниот воздух, се вели во соопштението на Инспекторатот на Град Скопје.