Инспектори на IAEA ќе посетат две нуклеарни локации во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
126 прегледи

Генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA) Рафаел Гроси изјави дека инспекторите на агенцијата во наредните денови ќе посетат две нуклеарни локации во Украина, а целта е да се откријат сите можни непријавени нуклеарни активности и материјали.

Гроси наведе дека IAEA е запознаена со тврдењата на Русија за наводни активности на две нуклеарни локации во Украина и додаде дека вчера IAEA добила писмено барање од Украина да испрати тимови инспектори на тие две локации.

Целта ќе биде откривање на сите можни непријавени нуклеарни активности и материјали.

Слични содржини