Instagram неодамна објави дополнителни ажурирања насочени кон приватноста и безбедноста на корисниците на оваа социјална мрежа со фокус на тинејџерите.
Ова ажурирање вклучува поставување на сметките на новите корисници на опцијата за контрола на чувствителна содржина „Помалку“, како и прикажување известување на тинејџерите кои се веќе на Instagram со препорачување да ја изберат опцијата „Помалку“.
Дополнително, ќе им бидат прикажани упатства како дополнителен поттик за прегледување и ажурирање на нивните поставки за приватност и безбедност.
Контролата за чувствителна содржина има неколку опции: „Повеќе“ што овозможува прикажување на почувствителна содржина, „Стандард“ што дозволува одредена чувствителна содржина и „Помалку“ што овозможува најмалку чувствителна содржина од трите дадени опции. На тинејџерите им е дозволено да ги користат само последните две опции.
Оваа опција би требало да го отежне прикажувањето на потенцијално чувствителна содржина во сите делови на оваа социјална мрежа.