Инстаграм и Фејсбук проработија после седум часа

од Nikola Popovski
293 прегледи

Речиси седум часа Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп беа недостапни за корисниците, меѓутоа, некои од споменатите мрежи полека се враќаат во функција.

Имено, Фејсбук започна да работи нормално, Инстаграм исто така, „eror“ повеќе не се појавува на почетната страница, додека Ватсап не работи целосно.

За потсетување, шефот на техничкиот оддел на Фејсбук, Мајк Шрефер, излезе на Твитер и објави дека оваа компанија има проблеми со вмрежувањето, и дека тимовите работат на отстранување на овие проблеми што е можно поскоро.

„Искрено им се извинуваме на сите бидејќи имаше прекин во работата. Имаме проблеми со вмрежувањето и тимовите работат што е можно побрзо за да ги отстранат грешките и да продолжат со работата што е можно побрзо“, напиша Шрефер.

Инаку, богатството на основачите на Фејсбук е намалено за седум милијарди долари за само неколку часа, поради неколкучасовно прекинување на работата на популарната мрежа, изјави Блумберг.

Интересно е и тоа што ова се случува само еден ден откако Френсис Хоген, свиркач од Фејсбук, во интервју откри дека оваа социјална мрежа дава предност на профитот во однос на јавното добро. Таа ги поткрепи своите тврдења со повеќе од десет илјади страници внатрешни истражувања и документи.

Слични содржини