Instagram ќе почне да праќа email пораки со најдобрите објави од луѓето што ги следите

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Иако социјалните мрежи денеска се едни од најпосетуваните веб страни на интернет, тоа не значи дека корисниците не се заситуваат или оддалечуваат од некоја од нив. Тоа посебно е случајот кога ќе почнат да следат поголем број на луѓе кои што споделуваат за нив неважни работи, а не секој сака или знае добро да го реши овој проблем.

 

ID-100323435

Еден од начините кои што социјалните мрежи го користат за задржување на своите корисниците е испраќањето на повремени email пораки кои што ги истакнуваат најдобрите објави од нивните кругови. Ваквите пораки иако за некои луѓе може да бидат дополнителна причина за помало користење на мрежата, за други содржината може да е интересна, па да го зголемат користењето на таа мрежа.

Се’ уште неофицијално и во фаза на тестирање, Instagram започна со испраќање на вакви email пораки до помала бројка од нивните корисници. Email пораките кои што се во форма на преглед на популарните споделувања се наречени Highlights.

Информацијата за Highlights е потврдена за порталот TechCrunch од страна на претставник од Instagram, што значи дека не е во рамките на шпекулации. Останува само прашање на време кога пораките ќе почнат да стигаат кај повеќето корисници.