Instagram тестира нова интересна опција

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Не е невообичаено корисниците да „пропуштаат“ објави на сметки што всушност ги интересираат кога користат Instagram, што понекогаш може да биде фрустрирачко, особено ако наместо релевантна содржина се појават нискобуџетни мемиња или фотографии од локални инфлуенсери.

Но, според објавата на Twitter од развивачот на мобилни апликации Алесандро Палуци, Instagram ја тестира функцијата Favorites што ќе им овозможи на корисниците да им дадат приоритет на сметките што им се важни, со што нивните објави ќе бидат полесни за гледање, пренесува „The Verge“.

Имено, Instagram во моментов го уредува редоследот на содржината прикажана на корисниците на почетната страница според најновите и најсподелуваните објави на луѓето што ги следат, вклучително и други „сигнали“, како што е веројатноста дека ќе „лајкнат“ или коментираат одреден пост.

Меѓутоа, алгоритмот на Instagram понекогаш може погрешно да ги процени „сигналите“ на корисниците, па затоа честопати прикажува објави што навистина не сакаат да ги видат. Поради оваа причина, функцијата Favorites би била многу корисна и би го подобрила искуството за користење на апликацијата, но треба да се напомене дека во моментов не е познато дали ќе заживее, бидејќи официјалните најави на компанијата за ова тестирање – нема.

Слични содржини